ЦИВИЛ: да ја одбраниме демократијата и слободата

Петар Печков

Мораме да ја одбраниме демократијата и слободата, порачаа од  здружението ,,Цивил,, кое денес во Велес ја престави ,,Граѓанската повелба,,.    Тие на  плоштад Сармаале пред велешани  го промовираа   овој документ, кој стреми за повеќе демократија во земјава.

Тоа е глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. Беа презентирани активности поврзани со Граѓанската повелба на светско и на национално ниво. 

„Граѓанската повелба“ ги афирмира човековите права и слободи  и ги информира луѓето за стеснувањето на просторот  за граѓанско дејствување. Ги потсетуваме институциите, граѓаните и граѓанките дека човековите арпава и слободи се загарантирани со Уставот , законите и меѓународните стандарди   и дека надлежните се задолжени да ги почиваат. Оваа Граѓанска повелба ја упатуваме до сите а од институциите бараме   транспарентност и одговорност.  Добиваме поддршка од поединци кои се потпишуваат на неа но добиваме и поддршка од низа граѓански организации  кои се  занимаваат со    социјалната права, човековите права, екологијата  - изјави Џабир Дерала од ,,Цивил,,. 

Овој документ ретставува нов чекор на граѓанското општество во светски рамки, што се промовираше минатата година на Светската конференција за глобални перспективи одржана во Берлин, на иницијатива на Меѓународниот центар за граѓанско општество и повеќе реномирани светски граѓански организации.,,.  

ЦИВИЛ беше една од првите 50 организации – потписнички на „Граѓанската повелба“ на светско ниво и е  носител на промотивните и едукативните активности за Повелбата во Македонија.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати